4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИдеално засолниште на Тајланд (фото)

Идеално засолниште на Тајланд (фото)

иде1

Chiang Mai е град кој се смета за културен центар на Тајланд и идеално место за сите оние кои би сакале да се исклучат од секојдневниот стрес на одредено време.

Овој град е опкружен со сурова убавина, а мириса на романтика и авантура.

Ова е местото каде се вкрстуваат историјата на оваа земја со модерноста која овозможува атмосфера која го обзема секој патник. Така отприлика изгледа прекрасниот North Hill City Resort, магична урбана оаза која го одзема здивот.

Ова место е инспириано од зеленилото од северен Тајланд, па иако е модерна градба, овој хотел одлично се вклопува во богатата вегетација која го опкружува. На ова место гостите можат да уживат во мирисната вегетација која ги краси отворените градини, како и во смирувачкиот поглед кои го има кон националниот парк Doi Suthep.

Хотелот поседува 42 извонредно декорирани соби со магични апартмани од кои е овозможен совршен поглед на одморалиштето и тревните површини од хотелските голф терени. Сите простории имаат прозорци од подот до таванот, пространи бањи, како и одвоени туш кабини и кади.

North Hill City Resort, котира многу високо на листата со луксузните хотели.

Областите за забава и дружење се подеднакво испирирачки, па така хотелот поседува надворешен амфитеатар, голем отворен базен, како и област каде можете да уживате во скарата на отворено, а гостите може да се релаксираат и играјќи голф на еден од најпрестижните голф терени кои се наоѓаат токму во рамките на хотелот.

иде2

иде3

иде4

иде5

иде6

иде7

иде8

иде9

иде10

иде11

иде12

иде13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП