23 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗДали ова е новиот Golf?

Дали ова е новиот Golf?

ngolf3

Во „Volkswagen“ веќе активно работат на развој на следната генерација на најпопуларниот модел – „Volkswagen Golf“. Се очекува хечбекот да биде претставен на крајот на 2018-та година, а веќе се појавија првите информации за него.

Германското издание „AutoBild“ одлучи да го покаже своето видување за тоа како ќе изгледа возилото. Сликите се создадени врз основа на податоците за новиот „Golf“. Ако тие се вистинити, тогаш најголемата разлика кај автомобилот ќе биде токму во дизајнот на предниот дел кој ќе располага со тесни и издолжени предни светла, како и со голема оклоп.

Според информациите на весникот осмата генерација на моделот ќе порасне во димензии во споредба со својот претходник. Таа ќе се разликува исто така и во комплексот од современите системи за безбедност, кои во моментов се нудат само на автомобилите од премиум-сегментот.

Тие ќе вклучуваат проекциски дисплеј на шофершајбната, брз пристап до интерент и систем за автоматско возење. Тој ќе биде наменет за движење во метеж, а возачот ќе треба да ги држи рацете на воланот. Така возачот ќе носи целосна одговорност при евентуален инцидент за време на возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП