28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка АД Скопје објави висока добивка за 2016 година

Комерцијална банка АД Скопје објави висока добивка за 2016 година

kb

Во периодот 01.01-31.12.2016 година Комерцијална банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 779,4 милиони денари наспроти 525,1 милион денари остварена нето добивка во минатата година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.686,1 милион денари и бележат зголемување од 2,7% во однос на минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и истите бележат намалување од 3,1% во однос на истиот период од минатата година. Планот е исполнет со 97,2%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.12.2016 година изнесуваат 864,3 милиони денари и во однос на состојбата од крајот на минатата година бележат намалување од 3,7%. Планот е остварен со 95,6%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.12.2016 година изнесуваат 133,3 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 21,6%. Планот е остварен со 122,3%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.12.2016 година изнесуваат 552,1 милион денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 66,4% главно како резултат на повеќе наплатени претходно отпишани побарувања и остварена поголема капитална добивка од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања споредено со минатата година. Планот е остварен со 85%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.12.2016 година изнесуваат 1.712,4 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 0,2% како резултат на намалените амортизација и останати расходи од дејноста. Планот е остварен со 96,5%.

Целокупниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП