29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda конечно го претстави европскиот Civic (фото)

Honda конечно го претстави европскиот Civic (фото)

hcivic 000

Европската поделба на „Honda“ конечно ги откри карактеристиките на новата генерација на хечбекот „Civic“, чија продажба стартува од 1-ви февруари. Моделот беше претставен уште минатата година, но до моментов дел од параметрите на моторите се чуваа во тајност.

Познато е дека моделот ќе се нуди со избор од два бензински мотори – 1,0-литарски со 3 цилиндри и 1,5-литарски со 4 цилиндри. Сега од „Honda“ ја соопштија и нивната моќ. Помалиот ќе развива 129 КС и 200 Нм, а поголемиот е со 182 КС и 240 Нм. Менувачите се 6-брзински мануелен и автоматски.

hcivic 001

Со моќниот мотор „Civic“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 8,2 секунди (со рачни брзини) и 8,5 со автоматски. Кај 1,0-литарскиот мотор времето е 10,2 и 11,2 секунди. Кај 1,5-литарскиот агрегат мешовитата потрошувачка е меѓу 5,8 и 6,1 л/100 км, а кај 1,0-литарскиот – меѓу 4,7 и 5,1 л/100 км.

Димензиите на хечбекот се должина од 4518 мм, ширина од 1799 мм, висина од 1434 мм и растојание помеѓу двете оски од 2698. Тежината на автомобилот се движи помеѓу 1299 и 1397 килограми во зависност од агрегатот и нивото на опрема. Волуменот на багажникот е 478 литри кај верзијата со 5 врати, а резервоарот вклопува 46 литри.

hcivic 002

Во кабината на европскиот „Civic“ е поставен 7-инчен екран на допир на системот „Honda Connect 2“ работат со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“. Тој се потпира и на 4-core процесор „Nvidia Tegra 3“. Достапни се и два вида аудиоститеми со 180 или со 449 вати.

Хечбекот добил и најсовремени системи за безбедност од комплексот „Honda Sensing“. Во основната опрема влегуваат систем за автоматско сопирање, асистент за следење на лентата на движење, функција за откривање на знаци, адаптивен круз-контрол и друго. Особено за Европа се направени нови поставки на системот за стабилизација, а како опција се нудат индивидуализирани амортизери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП