27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks ќе вработи 10.000 бегалци

Starbucks ќе вработи 10.000 бегалци

kafe star3

Доцна во неделата Хауард Шулц, извршен директор на синџирот на кафе пијалоци „Starbucks“, со „длабока загриженост“ се обрати на сајтот на корпорацијата кон своите вработени.

Тој го нарече декретот на американскиот претседател Доналд Трамп со кој беше забрането на граѓани на 7 муслимански земји да влезат во САД, „збунувачки“ и ги најави плановите на компанијата за обезбедување на работни позиции во организацијата на 10.000 бегалци во следните 5 години, пренесува „AP“.

Тоа е реакција на објавата од Трамп за забрана за влез во земјата на граѓаните на Сирија и уште шест други претежно муслимански земји, напиша Шулц во писмото до вработените. Иницијативата ќе започне во САД и ќе ги опфати првенствено мигрантите, кои претходно биле преведувачи или помошен персонал за американските војници. Во подоцнежна фаза кафулињата на „Starbucks“ во сите 75 земји во светот каде што има филијали, ќе вработуваат бегалци, се вели во соопштението.

Шулц, кој беше приврзаник на изборите на кандидатот на демократите Хилари Клинтон, ги критикува во писмото и другите аспекти од програмата на Трамп, како што се политиката на здравствената реформа на неговиот претходник Барак Обама и можната нова трговска политика кон Мексико и изградба на ѕид на граничната линија.

Во писмото се наведува дека „Starbucks“ ќе ги поддржи производителите на кафе во Мексико, ќе обезбеди здравствено осигурување на работниците кои ги исполнуваат условите, доколку биде укинат законот за здравствена заштита, и ќе ја поддржи имиграциската програма од времето на Обама, која им овозможува на млади имигранти да дојдат во земјата како деца, да аплицираат за стопирање за 2 години на депортацијата и за добивање на дозвола за работа.

„Изградени мостови, не ѕидови“, напиша Шулц. Според него „Starbucks“ ќе продолжи да инвестира во Мексико, каде што има над 600 кафулиња и околу 7.000 вработени.

Во петокот со свој указ Трамп нареди да се одбиваат визи во рок од 90 дена на граѓаните на седум претежно муслимански земји – Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Судан и Јемен. На бегалците од целиот свет ќе биде забрането влегување во земјата за 120 дена, а на оние од Сирија – за неопределен период.

Забраната важи и за патниците со двојно државјанство. Исклучок сепак има за американските, британските и канадските државјани, кои имаат и втор пасош од засегнатите земји. Претставник на администрацијата на Трамп изјави во неделата во негова одбрана, дека претседателот сакал само неговата земја да избегне напади, какви имало во Франција, Белгија и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП