19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСовети од експертите за безбедно онлајн купување

Совети од експертите за безбедно онлајн купување

on1

Водечката компанија за интернет безбедност „VASCO Data Security International (VDSI)“ предупреди за зголемената појава на сајбер криминалот.

Нивното истражување потврдило дека онлајн купувањето е во значаен пораст, бидејќи таму на потрошувачите им се понудени големи попусти. Интернетот, поради пониските цени и поради бесплатната достава, стана омилено место за шопинг.

VASCO“ советува за сигурно онлајн купување:

-Купувајте на проверени веб страници. Ако на непозната веб страница ги запишувате податоците од својата кредитна картичка, се зголемува опасноста за измама или крадење на идентитетот. Добро проверете ја страницата пред секое купување. Прочитајте ги условите за користење, контактите и проверете дали постојат дополнителни трошоци за доставата.

*Не отварајте ги меиловите или линковите од веб страници од непознати испраќачи кои имаат „неверојатно поволни понуди“.

*Проверете дали вашиот антивирус има програми од последното ажурирање.

*Пред да продолжите со податоците од својата кредитна картичка, проверете дали веб страницата користи сигурни и доверливи системи за плаќање како што е „DIGIPASS“ кој ги оневозможува измамниците да дојдат до вашите лични информации.

*Избегнувајте купување од јавните компјутери, кои генерално не се доволно заштитени. Истото важи и за бесплатниот „Wi-Fi“ преку кој сајбер криминалците можат лесно да дојдат до вашите податоци.

*Користете силни лозинки за да ги заштитите вашите лични податоци или податоците од вашата сметка. Силните лозинки можете да ги генерирате со помош на „DIGIPASS“ кој ви дава лозинка која не може повторно да се користи и важи само за ограничено време.

Ако планирате да купувате онлајн или веќе купувате, се надеваме дека се држите до советите за сигурно купување, бидејќи од внимателноста никогаш не е доста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП