9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕKatamama - сосема друг вид на рај (фото)

Katamama – сосема друг вид на рај (фото)

ката1

Сместено на неверојатната Петитенгет плажа на Бали, „Katamama“ е неверојатно одмаралиште кое зрачи со индонезиска атмосфера и енергија…

Облечен во црвена цигла, „Katamama“ е ресорт кој е резултат на љубов, кој го креирала група уметници, во обид да создадат совршено место за бегство од сите грижи и проблеми.

Прекрасниот рајски остров Бали е веројатно најдоброто место каде можете да се дисконектирате од вистинскиот свет, иако овој врвен ресорт всушност постои во сенка на реалноста, во близина на неколку бутици и ресторани и главниот забавен дел на овој остров.

Секој детал во 58-те апартмани на ова одмаралиште е рачно направен и избран, како би бил во склад со старата индонезиска традиција, додека во исто време ги спојува модерните детали со својата опуштена атмосфера. Гостите можат да уживаат во големиот број погодности во ова одмаралиште, како што се органските производи за капење, интернет и приватен бар во секоја соба.

Сепак, ако го посетите ова место, тешко дека ќе поминете многу време во својата соба. Во склоп на ова одмаралиште се наоѓаат две места за јадење и уживање во пијалоците. Исто така, има и две слаткари кои ќе ве изненадат со своите производи. „Katamama“, исто така, има и 24-часовен фитнес центар и простран базен. Сигурни сме дека по завршувањето на вашиот одмор ќе ви биде тешко да се вратите дома…

ката2

ката3

ката4

ката5

ката6

ката7

ката8

ката9

ката10

ката11

ката12

ката13

ката14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП