2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCloudbreak - Совршена јахта за пат околу светот (фото)

Cloudbreak – Совршена јахта за пат околу светот (фото)

бо1

„SuperYachtsMonaco“ во својата флота сега има многу ексклузивна понуда – „Cloudbreak explorer“ луксузната јахта…

Оваа јахта моментално крстари по Карибите, а може да биде ваша на одреден временски период, по цена од 750.000 евра за седум дневен аранжман. Иако таа сума звучи неверојатно, верувајте дека оваа јахта вреди за секоја пара. Идејата која стои зад оваа елегантна јахта е основана на авантура, истражување и уживање на отворено море.

Прочуениот норвешки дизајнер Еспен Оеино е одговорен за дизајнот на оваа јахта, која нуди комфор и заштита од сите временски неприлики. Оваа јахта поседува удобна палуба за сончање, јарбол и хелиодром. Исто така, оваа јахта има сопствен хеликоптер, а хелиодромот може да служи и како платформа за забава кога хеликоптерот не е таму, благодарение на врвниот звучен систем со водоотпорни звучници.

Гостите, исто така, можат да уживаат на палубата за опсервација, каде удобните фотељи, погледот на базенот и џакузито ќе бидат сосема доволни да им предизвикаат насмевка на лицата. Оваа прекрасна јахта, исто така, добила и цел спектар на напредна наутичка опрема, како и неколку играчки за на вода, кои ќе ви овозможат дополнителна забава. Кога сме кај забавата, оваа јахта може да биде опремена и со скијачка опрема која може да се натовари на хеликоптерот, ако посакате да одите на една тура скијање додека пловите по морињата.

Минималистичкиот ентериер на овој брод е дело на Кристијан Лигреа, кој му подарил големи отворени простори и квалитетни дизајнерски елементи. Инаку, распонот на оваа јахта е 8.750 наутички милји, па така, ниедна дестинација нема да ви биде премногу далеку.

бо2

бо3

бо4

бо5

бо6

бо7

бо8

бо9

бо10

бо11

бо12

бо13

бо14

бо15

бо16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП