9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузниот резиденцијален брод (фото)

Најлуксузниот резиденцијален брод (фото)

бро1

Ако мислевте дека на бродовите живеат само луѓе кои не можат да си дозволат вистински дом, се лажете…

Овој британски брод кој служи како станбена резиденција во моментов е паркиран во Лондон. Тој е редизајниран така што сега стана вистинска пловечка палата, која чини 5 милиони евра. Наречен Matrix Island, овој брод содржи врвна модерна кујна, пет спални соби, платформа за џет ски и отворена горна палуба со огромна трамболина и пинг понг, која е идеална исто така и за сончање и неделно уживање.

За разлика од вообичаените резиденцијални чамци, овој брод има гломазна трпезарија и соба за прием на гости, па така е совршен и за луксузна марина покрај Лондонската кула. Трошоците за годишното одржување изнесуваат 24.000 евра, па така овој брод дефинитивно е наменет за луѓе со длабоки џебови.

Дел од ентериорот на овој дом на вода се и фудбалчето и сауната, додека целокупната тема на декор е многу гламурозна и модерна.

бро2

бро3

бро4

бро5

бро6

бро1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП