
Актуелниот „Nissan Leaf“ не се разликува ниту со смелите форми, ниту со дизајнот кој одговара на поширок круг на обожаватели на електричните автомобили. Можеби сепак тоа ќе се промени, и тоа наскоро.


Актуелниот „Nissan Leaf“ не се разликува ниту со смелите форми, ниту со дизајнот кој одговара на поширок круг на обожаватели на електричните автомобили. Можеби сепак тоа ќе се промени, и тоа наскоро.
Во 2015-та година „Nissan“ го покажа во Токио импресивниот концепт „IDS“, а подоцна на негова база се појавија неколку нацрти кои покажуваа како би можел да изгледа следниот „Leaf“. Експертите и потенцијалните клиенти очекуваат агресивни форми и дизајн кој е близок до оној употребен во најновата генерација на „Micra“.
Во „Nissan“ треба да покажат дека дизајнерите расчистиле со размислувањето дека електричните возила треба да се обични и безопасни на изглед, дури обожавателите на еколошките возила сакаат динамика и привлечни форми. „Leaf“ е на пазарот веќе 7 години и се очекува наскоро да се појави следниот електричен автомобил на „Nissan“.
За 2018-та година е предвидено дотерување за „Leaf“, а тоа беше потврдено од страна на потпретседателот на „Renault-Nissan BV“, Арно Дебоф. Се уште не се знае кога ќе се појави следната генерација на „Leaf“, но речиси е сигурно дека електричниот модел ќе дели една платформа со следниот „Renault Zoe“. А тоа значи дека двата нови електрични модели ќе се појават пред крајот на оваа деценија.
Шефот на „Renault-Nissan“, Карлос Гон веќе потврди дека следната генерација на „Leaf“ ќе се нуди со системот за полуавтономни движења „ProPilot“, кој би требало да се појави и кај обновениот „Qashqai“ за европскиот пазар.