6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕVillas at Ayana - Место каде соништата стануваат реалност (фото)

Villas at Ayana – Место каде соништата стануваат реалност (фото)

вил1

Кога ќе погледнете во небото над Бали, ќе го видите најубавото зајдисонце во вашиот живот…

Тоа секако е сцената во која треба да уживате барем еднаш во животот, а сега е најдоброто време за тоа, особено доколку сакате да заборавите на ледените и снежни денови кои кај нас се во тек. Ако се одлучите да го искусите Бали и да го видите сето тоа за што сте мечтаеле, тоа можете да го направите во шармантното одморалиште Villas at Ayana, кое претставува спректакуларен додаток на овој крај од светот, кој делува толку добро за да биде вистинит.

Сместен на врвот на карпа со поглед кон Индискиот океан, овој резорт нуди 78 пространи вили, при што секоја има свој приватен базен, модерни погодности, луксузна постелнина и модерни уметнички дела, а тука исто така е и гламурозната бања од мермер во која се наоѓа се што ви е потребно за одмор од соништата. Да не заборавиме, овде на услуга ви стојат добро обучените батлери, 24/7.

Овде ве очекуваат седумнаесет различни ресторани, барови и опции за забава, кои се опремени така што ќе го задоволат вашиот вкус без оглед колку тој е специфичен. Немојте ниту да се обидувате да ги игнорирате единаесете величествени базени кои ви ги нуди ова одморалиште, ниту пак врвните голф терени.

Клубот за деца на родителите ќе им овозможи навистина да уживаат во одморот, додека неверојатниот Spa at Ayana ќе направи се што е во негова моќ со својата уникатна понуда да ве префли на седмо небо. Овде постојат и уште многу други детали во кои можете да уживате и кои можете да ги искусите, а на вас ви останува да ги откриете кога ќе започнете со својата авантура.

вил2

вил3

вил4

вил5

вил6

вил7

вил8

вил9

вил10

вил11

вил12

вил13

вил14

вил15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП