9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУникатната убавина на Fairmont Chateau Lake Louis Hotel (фото)

Уникатната убавина на Fairmont Chateau Lake Louis Hotel (фото)

уни1

Со езеро пред и Роки планините зад себе, „Fairmont Chateau Lake Louis Hotel“ ни претставува еден сосема поинаков начин на луксуз.

Во ова одморалиште, секогаш е сезона на радоста, уживање во добрата храна и пијалоци, како и одмор кој на сите ни е потребен. Овој живописен хотел нуди соби во стилот на деветнаесетиот век, со беспрекорен поглед на планините или смарагдното езеро кои само се вовлекуваат во неговата убавина.

Самиот хотел се наоѓа на средина на Банф националниот парк, па ќе бидете опкружени само со убавина. Своето слободно време овде можете да го исполните со различни активности – пешачење, јавање коњи, скијање, сноубординг.

Во зависност од годишното време во кое ќе го посетите ова место – Fairmont Chateau Lake Louis Hotel ќе се погрижи за вашите потреби на поинаков начин. Вниманието кое овде им е посветено на деталите навистина е неверојатно, што ќе го забележите во секој дел од престојувањето тука – од комбинирањето на совршеното вино со врвните оброци, па се до некои лични хирови кои отсекогаш сте сакале да ги остварите.

Ако го земеме во предвид погледот, кој веќе трет пат го споменуваме, веруваме дека нема да имате причина да се пожалите на било што додека сте овде. Токму спротивното, ќе почнете да се зажиле кога ќе треба да го напуштите ова место.

уни2

уни3

уни4

уни5

уни6

уни7

уни8

уни9

уни10

уни11

уни12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП