8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК најави помалку мерки за штедење

ЕК најави помалку мерки за штедење

ek1

Европската комисија најави дека сака да стави крај на програмата за ограничување на буџетската потрошувачка.

Се поставува прашањето дали е готово со штедењето во Европа, со оглед на тоа што Франција и Шпанија не го остварија саканото намалување на буџетскиот дефицит.

Задолженоста на членките на еврозоната се зголемува, но, и покрај тоа, притисокот врз Париз и Мадрид наскоро би можел да попушти, бидејќи Европската комисија најавува намалување на острите мерки за штедење.

За разлика од Грција, кипарската трагедија е тек на првиот чин. Таа земја мора да пронајде 13 милијарди евра за да го избегне банкротот. Тоа е дел од договорот за добивање на финансиска помош.

Министерот за финансии на Кипар, Харис Георгиадес изјави „Ги признаваме нашите грешки. Подготвени сме да ги поправиме и да се движиме напред. Друго решение не постои“.

Но Кипар и останати земји како него можат да се надеваат на позитивни промени. На ерата на ригорозните мерки за штедење и дојде крајот.

Барем судејќи според Европската комисија, која наведе дека сака да стави крај на ограничувањето на буџетската потрошувачка, која доведе до рецесија, зголемена невработеност и забавување на економскиот раст.

„Она што навистина го гледаме е дека се се врти околу Брисел, кој се обидува да се приближи, да речеме, кон фрустрираните граѓани во Европа. Од Брисел се испраќаат пораки за сочувство, и што е најважно, се спречува зајакнувањето на екстремистичките политички партии. Додека тоа се извршува успешно, европскиот проект ќе остане на шините“, изјави банкарскиот стратег Том Вос.

Промената на политиката на Европската комисија ја поздравија и големите европски економии.

Шпанија и Франција не ги исполнија буџетските цели минатата година. Сега за нивното исполнување, тие ќе имаат повеќе време. Тоа, според аналитичарите е одличен потег.

„Целта за задолженоста да се намали останува иста, но до таа цел ќе се патува побавно, односно со побавно темпо. Мислам дека тоа е вистинскиот лек во овој период“, изјави економскиот аналитичар Тобиас Блатнер.

Демонстрантите можеби нема да се согласат, но денешните мерки за штедење постигнаа нешто позитивно.

Комбинираниот фискален дефицит на еврозоната од 6,5 проценти во 2010 година е намален на 3,7 проценти од БДП во 2012 година.

Цената за тоа се честите немири и растот на нерасположеноста, но тоа би можело да се промени, заклучуваат економските аналитичари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП