6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДосега најдобра продажба на телефоните на LG

Досега најдобра продажба на телефоните на LG

lg-hq

Компанијата „LG“ го објави својот финансиски извештај за првиот квартал во кој се гледа дека профитот опаднал за 22 проценти на годишно ниво, но поради стагнирањето на пазарот за телевизори.

Јужнокорејската компанија имала оперативен профит од 322 милиони долари во однос на минатогодишните 400 милиони долари. Приходите пораснале за 6.8 проценти од 13 милијарди долари и тоа благодарејќи на големиот раст во мобилното работење.

Имено во овој квартал во кој „LG“ испорача 10.3 милиони паметни телефони што е најголем број од кога тие влегоа на овој пазар. Продажбата скокна за дури 30 проценти и од „LG“ порачуваат дека се среќни поради продажбата на телефони како што се „Optimus G“ и „Nexus 4“, но и дека очекува новиот „Optimus G Pro“ само да ја подобри ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП