24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВелигденско јајце од 1.000 долари

Велигденско јајце од 1.000 долари

jajce1

Традицијата за фарбање на јаjца е популарна активност која потекнува од минатото, но денес е развиен нов Велигденски обичај – изработка на Велигденски јајца од чоколадо…

Велигден се ближи, а њујорчани имаат среќа да го видат ова ексклузивно чоколадно јајце во својот град. Ова јајце кое е високо еден метар е украсено со мотивите од „Angry Birds“ и е изложено во „Sugar and Plumm“, њујоркшката пекара која е посветена на чоколадни производи. Цената на ова јајце изнесува 1.000 американски долари.

Јајцето е високо околу 30 инчи, а широко 18, а неговата тежина е околу 10 килограми. Ова ексклузивно чоколадно јајце е рачно изработено со познатата темна венецуелска чоколада наречена Криоло, млеко и бела чоколада.

За да се постигне неговата совршеност потребни се 4 дена и две лица, а продажбата на овие јајца е изненадувачки добра. Пекарата, освен џиновското јајце изработува и мали јајца во реална големина на вистинското јајце или малку поголеми, кои се изработени од чоколади со голем број на вкусови, кои во внатрешноста се исполнети со мини јајца, а нивната цена изнесува 100 долари.

Поглeднете ги декорациите…

jajce2

jajce3

SANYO DIGITAL CAMERA

jajce5

jajce6

SANYO DIGITAL CAMERA

jajce8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП