25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРајската вила „Florentine“ на Бахами (фото)

Рајската вила „Florentine“ на Бахами (фото)

%d1%80%d0%b0%d1%981

Вилата се наоѓа на идиличниот остров Парадајз на Бахамите и овој имот е веројатно сон на секого од вас…

Раскошниот имот се простира на две парцели од вкупно 1.4 хектари во околината на престижната населба „Ocean Club“. Главната резиденција има неверојатни 4.200 квадратни метри, а на имотот се наоѓа и куќата за гости од додатни 3.000 квадратни метри. Преубавиот имот поседува 12 спални соби, просторија за забава, фантастична тропска градини и 54 метри долг канал на доковите каде може да се паркираат глисери или чамци.

Со секој споменат детал, ова место е како рај. Секако, ќуката поседува огромна кујна на која се надоврзува трпезарија и дневна соба со најсовремена техника, како и просторија за играње карти и билјард.

Вилата е изградена од најквалитетните материјали донесени од целиот свет, како што се италијанскиот травертин и мермер, тврдата дрвена граѓа, столбовите од грчки камен и ковано железо.

Имотот се продава со најсовршениот систем за обезбедување и мониторинг. Екстериерот на овој прекрасен имот е приказна за себе. Тропските растенија, егзотичните палми, базенот и удобните лежалки за сончање, ќе направат секој кој ќе се најде овде да помисли дека е во некој филм.

Шармантната гостинска соба, исто така, е вредна за споменување. На врвот на куќата се наоѓа платформа за сончање, а во близина на имотот се наоѓаат и терени за голф и тенис.

Се е осмислено за чисто уживање, па цената од речиси 22 милиони долари, не е изненадување.

%d1%80%d0%b0%d1%982

%d1%80%d0%b0%d1%983

%d1%80%d0%b0%d1%984

%d1%80%d0%b0%d1%985

%d1%80%d0%b0%d1%986

%d1%80%d0%b0%d1%987

%d1%80%d0%b0%d1%988

%d1%80%d0%b0%d1%989

%d1%80%d0%b0%d1%9811

%d1%80%d0%b0%d1%9810

%d1%80%d0%b0%d1%9812

%d1%80%d0%b0%d1%9813

%d1%80%d0%b0%d1%9814

%d1%80%d0%b0%d1%9815

%d1%80%d0%b0%d1%9816

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП