4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСонувате ли за живот во кралски замок? (фото)

Сонувате ли за живот во кралски замок? (фото)

%d0%b7%d0%b01

Доколку цел живот сте мечтаеле да живеете во шармантен замок опкружен со планини и шуми, ,Chateau V’ кој е на продажба и се наоѓа во срцето на Колорадо е идеален предлог…

За “само” 17.5 милиони долари го добивате овој дворец кој е направен како за некоја принцеза. Резиденцијата која се простира на неверојатни 3.400 метри квадратни е комплетно нова. Буквално секое парче камен, железо, дијамантско шеќерно стакло и 126 светилки, креирано е потполно поединечно како би се вклопило во овој посебен, луксузен имот.

Но, овој имот сепак бара уште малку додатно средување. Новите сопственици ќе мораат да ја средат куќата по сопствен вкус за домот да го добие карактерот на своите сопственици. Поседува дури 5 спални соби со сопствени бањи, осум посебни бањи, осум камини, како и покривна тераса со спектакуларен поглед од која не би сакале да си одите.

Кујната е опремена со најсовремена техника, а црно-белите мермерни подови доминираат во целиот ентериер. Белата боја која е најзастапена, додатно го прави овој и онака голем простор да делува поширок, посветол и посвеж.

Дворот има неверојатен комфор и луксуз. Поседува и детска игротека во која се наоѓа скриена врата од библиотеката, огромен подрумски простор кој може да биде идеално место за базен, домашно кино, просторија за забава и просторија предвидена за релаксирање.

Со оглед на тоа дека овој неверојатен имот се простира на неколку хектари и дека со многубројните тераси нуди фантастичен поглед на природата, единствено што треба наутро да одлучите е тоа на која тераса ќе уживате во свежиот воздух и ќе испиете кафе или чај.

%d0%b7%d0%b02

%d0%b7%d0%b03

%d0%b7%d0%b04

%d0%b7%d0%b05

%d0%b7%d0%b06

%d0%b7%d0%b07

%d0%b7%d0%b08

%d0%b7%d0%b09

%d0%b7%d0%b010

%d0%b7%d0%b011

%d0%b7%d0%b012

%d0%b7%d0%b013

%d0%b7%d0%b014

%d0%b7%d0%b015

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП