2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдно евро квадрат за државното земјиште

Едно евро квадрат за државното земјиште

zemji[te

Владата донесе нова мерка со која ќе се реши прашањето за сопственоста на земјиштето.

Нова поволност за 360 илјади семејства во државава, со која ќе може да се откупи државното земјиште по цена од едно евро за метар квадратен.

Како што изјави премиерот Никола Груевски, со оваа одлука најголемиот дел од овие 360.000 семејства, по симболична цена ќе можат да си ги откупат и дворните места, со што ќе го комплетираат прашањето на сопственоста на имотите во целост.

Со легализирањето на дивите градби кои се наоѓаат на државно земјиште, се легализираа градбите но не и земјиштето. Земјиштето сеуштe е во сопственост на државата, за кое се плаќа данок или закуп, или пак се гради нелегално доколку постои одлука за доградба. Затоа е донесена оваа поедноставена мерка, со која секој граѓанин ќе може да го легализира своето земјиште за едно евро по метар квадратен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП