Доколку празниците сакате да ги поминете во малку поинаква атмосфера, тогаш идеалната локација за вас е токму Royal Palms Resort & Spa, одморалиште сместено во Америка со градба од типично колонијалната шпанска архитектура изградено уште во 1929 година.
Сместено меѓу цитрусните плантажи, Royal Palms Resort & Spa делува како фатаморгана во пустина. Нереалната сцена од вистинската оаза ќе го фасцинира секој посетител. Навистина нема да можете да се одлучите кој од 119-те апартмани декорирани во традиционален и беспрекорен стил да го одберете.
Мирисното цвеќе, атмосферата на Медитеранот, животописните ресторани… се тука е уредено така што гостите откако ќе дојдат ќе уживаат со сите свои сетила. Во рамките на хотелот на располагање ви се и барот, базенот, теретаната и нормално релаксирачкиот Alvadora Spa центар каде можете да го опуштите секој мускул и да се чувствувате препородено.
Овде дури и Дедо Мраз сигурно би одморил по напорната работа…