9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ја повлече субвенцијата за “Ендава“, дали Македонија ќе ја прекине штетната...

Србија ја повлече субвенцијата за “Ендава“, дали Македонија ќе ја прекине штетната пракса?

endava333

Министерката за државна управа и локална самоуправа на Србија, Ана Брнабиќ, ги извести претставниците на ИТ секторот дека субвенцијата „Ендавa“ дефинитивно е исфрлена од буџетот и нема повеќе да се реализира. Ова значи дека власта во Србија ја послуша ИТ заедницата и укина 1,6 милиони евра за вработувања во ИТ секторот за 2017-та година, но наменети само за британската компанија “Ендава“, која постои и во Македонија од пред две години.

Ваквата реакција на српската власт дојде откако пред два месеци беше покрената иницијатива против субвенциите за вработување во ИТ индустријата, а петицијата ја потпишаа над 3.500 луѓе.

Следуваше и официјален допис со кој се инсистираше субвенцијата „Ендава“ да се повлече и да се смени Законот за субвенции, за да се прекине штетната пракса на давање субвенции во ИТ индустријата. Ваквиот исход го наговести и премиерот на Србија, Александар Вучиќ кој најави дека субвенцијата кон оваа британска компанија ќе биде повлечена.

Потегот на српската власт е само пример дека истото треба да се случи и во Македонија и да се престане со праксата да се фрлаат државни пари за најдефицитарниот кадар во земјава. Истата компанија од Британија е присутна и во Македонија од пред две години, а засега нема точни информации од македонксата влада колку државни пари се дадени за креирање на работни места во команијата.

Против финасирањето со народни пари и создавање нелојална конкуренција се изјасни и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во годишниот извештај за за 2014-та година од таму напишаа дека е доделена помош на „Ендава“ но не е наведена сумата која ја добила странската компанија.

Комисијата за заштита на конкуренцијата тогаш посочи дека праксата на доделување државни пари доведува до нарушување на конкурентнста на пазарот. Со доделувањето на државна помош на една компанија , се стават во нерамноправна положба сите други кои работат на истиот пазар – воспоставување на технолошки центар за информатички услуги-компјутерско програмирање.

Државата плаќа на странска компанија да формира работни места за кои во нормални услови би требало да плаќа од сопствениот буџет како и сите други компании од ИТ индустријата. На тој начин, со пари од државата субвенционираната компанија создава услови за поголем профит кај субвнционираната компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП