13 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот празничен џемпер (фото)

Најскапиот празничен џемпер (фото)

%d0%bb%d0%b8

Оваа година дефинитивно го доживеа својот врв…

Во светот на модата се појави т.н. „Грозен празничен џемпер“ кој чини 30.000 долари, а украсен е со, ни помалку ни повеќе, туку 24.274 Сваровски кристали. Модниот бренд кој е одговорен за оваа креација која дефинитивно можеме да ја опишеме како уникатна е Tipsy Elves. Тие некако успеале да направат договор со Сваровски брендот, со цел да го претстават овој џемпер, кој слободно може да ја понесе титулата најскапиот празничен џемпер.

%d0%bb%d0%b82

Неколку талентирани луѓе работеле 52 часа со цел рачно да ги нанесат кристалите на џемперот. Со самата модна креација доаѓа и рамка, така што после празничната сезона можете да го изложите во својот дом и да се фалите со ова уникатно парче. Џемперот е направен од премиум волна, а има и задебелени рабови и двојна основа.

%d0%bb%d0%b83

А судејќи според се, Дедо мраз го променил возењето, бидејќи на џемперот не се претставени ирваси, туку еднорог. Од брендот велат дека е потребно само да се потрудите да не го извалкате вашиот џемпер во текот на празничната вечера, и ве советуваат да си го осигурате. Значи, покрај 30.000 долари колку што чини овој џемпер, тие предложуваат во истиот да инвестирате дополнители пари…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП