3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталијанската банка Monte dei Paschi започна со својата понуда за продажба на...

Италијанската банка Monte dei Paschi започна со својата понуда за продажба на акции

monte-paskite-3003

„Banca Monte dei Paschi di Siena“ ќе се обиде да продаде акции на пазарот, додека владата подготвува план за инјектирање на 15 милијарди евра во италијанскиот банкарски сектор, ако собирањето на средства пропадне, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознат извор.

Италијанското Министерство за финансии планира да учествува во продажбата на акции, што може да ја зголеми сопственоста од сегашниот удел од 4%, вели изворот, кој побарал анонимност, бидејќи планот се уште не е јавен. Владата се подготвува да одобри поширок план за спасување на банката, ако планот за рекапитализацијата на „Monte Paschi“ во износ од 5 милијарди евра не успее, вели изворот. „Monte Paschi“ оваа недела ќе нуди нови акции на инвеститорите и ја проширува зделката по замена на долг против сопственоста.

Согласно европските банкарски правила загубите треба да бидат пренесени на обврзници, ако користат пари на даночните обврзници за спасување на доверителот. Владата разгледува т.н. превентивна рекапитализација на „Monte Paschi“ која ќе ги ограничи загубите за обврзници, тврдат запознаени извори.

При продажбата на акции од 35% ќе бидат понудени на индивидуалните инвеститори и 65% на институционалните инвеститори, вклучувајќи ги потенцијалните водечки инвеститори. Постојните акционери ќе добијат понуда да купат 30% од понудените акции резервирани за инвеститори на мало, пред продажбата да биде отворена за други. Понудата завршува во среда за инвеститорите на мало и во четврток за институциите.

Продажбата на акции и замената се две од трите основни меѓусебно поврзани делови од планот за привлекување на капитал од банката. Доверителот цели да најде и големи инвеститори да купат поголем дел од акциите.

„Monte Paschi“ која има рок до 31-ви декември да заврши со прибирање на средства, ќе претстави и размена на хибридни обврзници за 1 милијарда евра, издадени во 2008-ма година и познати како „FRESH“, со номинална вредност од 23,2%, рече уште доверителот . Во претходната трампа понудата на обврзници, беше договорено да разменат акции за околу 1,02 милијарди евра.

Ако понудата успее, лошите заеми за 28 милијарди евра ќе бидат вклучени во пакети со хартии од вредност и продадени на инвеститорите, со што ќе бидат отстранети од балансот на „Monte Paschi“. Привлечениот капитал ќе биде користен за да се покријат загубите на банката од продажба на лошите кредити. Ако продажбата се покаже неуспешна, трансформирањето на долгот во акции ќе биде поништен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП