26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПепи Манасков се приклучува на тимот на Червар, парична награда за ракометарките

Пепи Манасков се приклучува на тимот на Червар, парична награда за ракометарките

pepi-manaskov333

Ракометната федерација на Македонија ќе ги награди ракометарките со 10.000 евра за изборениот пласман во баражот за Светското првенство е една од одлуките која е донесена на четвртата седница на Управниот одбор. Исто така на седницата селекторот на машката репрезентација Лино Червар објави дека легендата на Мак ракометот Пепи Манасков ќе биде дел од стручниот штаб.

Женската ракометна репрезентација на Македонија на почетокот на овој месец преку квалификацискиот турнир на Фарските острови избори пласман во баражот за Светското првенство.

Македонија и Австрија од овој турнир во конкуренција на Исланд и Фарските острови изборија бараж, а она што е најважно ракометарките по долга пауза забележаа две победи во кус временски период.

rakometarkie33

Овој нивни успех РФМ реши да го награди со 10.000 евра. Инаку, ракометарките во баражот ќе играат против Шведска.

На истата седница селекторот на машката репрезентација, Лино Червар, објави дека на стручниот штаб во кој е Илија Темелковски ќе им се приклучи ракометната легенда Пепи Манасков и екс репрезентативецот Александар Јовиќ

Во тимот на Червар ќе се приклучат и Петар Мисовски кој заедно со Ице Соколевски ќе работи како тренер на голманите, односно Иван Теосављевиќ кој заедно со Кристијан Кајчевски ќе биде задолжен за физичката подготвеност на ракометарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП