3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе спојуваат Linde и Praxair

Се спојуваат Linde и Praxair

image-25

Германскиот производител на индустриски гас Linde и неговиот американски конкурент Praxair следните денови би требало да објават дека постигнале договор за спојување вреден 65 милијарди долари, со што би се создала најголема светска компанија во тој сектор, објави во понеделник Financial Times.

Претходниот обид за поврзување на овие две компании пропадна во септември најмногу заради незадоволството на работниците на германската компанија со планираното преселување на седиштето на новата компанија во САД. Седиштето на Linde е во Минхен.

Financial Times во понеделник пишува, повикувајќи се на анономни извори блиски до преговарачите, дека двете компании ќе ги објават прелиминарните услови за соработка „уште во среда“. Според нивните информации, договорено е седиштето на новата компанија да биде во американската сојузна држава Конектикат, а ќе биде регистрирана во Европа.

Клучен дел од договорот ќе биде одвојување на инженерскиот дел на Linde што се занимава со проектирање на индустриски постројки во посебна компанија. Тој потег би можело да ги смири стравувањата на работниците од губење на работното место, важна причина заради која пропадна преговорите во септември. Минатата година инженерскиот оддел оствари 2,6 милијарди од вкупно 17,9 милијарди евра од приходите на Linde.

Дополнително патот кон постигнување договор наводно го трасира промените во извршниот одбор на Linde од септември, вклучувајќи го заминувањето на финансискиот директор Џорџ Деноке, наводен противник на спојувањето.

Со спојувањето, двете компании ќе го претекнат францускиот конкурент на Linde, Air Liquide, најголемиот дистрибутер на гас за примена во индустријата во светот, со проценети годишни приходи од преку 30 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП