3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта Red Dragon

Луксузната јахта Red Dragon

d1

Луксузната јахта “Red Dragon” е вистински празник за очи поради својата фантастична надворешност, па не е за чудење фактот што таа беше еден од финалистите на “Boat International World Super Yacht Awards 2012”.

Јахтата е дизајнирана од компанијата “Wilmotte & Associates”, конструкцијата ја направи компанијата “Alloy Yachts”, а резултатот од оваа соработка е луксузната јахта долга 52 метри.

Покрај импресивната надворешност, станува збор и за навистина интересен и храбар ентериер.

Имено, при опремувањето на внатрешноста, “Wilmotte & Associates” отстапиле од “чистите” линии со кои се карактеризира надворешноста, и направиле навистина модерен простор.

Дрвената градба од Карибите е искористена како инспирација за бојата и текстурата кај уредувањето на ентериерот, а и целата јахта е изработена во тој стил.

Светлото инсталирано под мебелот допринесува прострот да биде поосветлен и да делува пространо, а некои делови од мебелот се направени така што делуваат како да лебдат.

Интересно е тоа што “Red Dragon” има и мала канцеларија, за оние кои и при престојот на оваа луксузна јахта не можат да побегнат од работните обврски.

Уживајте…

d2

d3

d4

d5

d6

d7

d8

d9

d10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП