24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo XC60 е се поблиску до своето деби

Volvo XC60 е се поблиску до своето деби

ch600

Шведскиот производител „Volvo“ ги завршува тестовите на следната генерација на кросоверот „XC60“. Прототип на моделот беше снимен од британското издание „Auto Express“, по што компјутерски експерти за возврат претставија свое видување за тоа како ќе изгледа возилото.

Сегашната „XC60“ се произведува уште од 2008-ма година, беше развиен на заедничка платформа со „Land Rover Freelander 2“. Таа ќе биде испратена во историјата, а новиот модел ќе добие скратена верзија на модуларната шасија на Швеѓаните „SPA“ (Scalable Product Architecture). Тоа е основа на целата палета модели на „Volvo“ од серијата 90 – теренецот „XC90“, седанот „S90“, караванот „V90“ и од варијанта „V90 Cross Country“.

Скандинавскиот кросовер со средни димензии ќе треба да се натпреварува со „Auid Q5“ и „BMW X3“. Тој ќе ја добие палетата мотори од „XC90“, во која влегуваат 2.0-литарски бензински и дизел мотори од семејството „Drive-E“ кои работат во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Една од најинтересните опции е моторот „T6“ кој освен турбина има и механички компресор.

ch601

Предвидена е и хибридна модификација – „T8“, која исто така ја видовме кај „Volvo XC90“. Кај неа комбинацијата од мотор со внатрешно согорување и електромотор кој развива моќност од над 400 КС.

Според информациите до моментов во 2017-та година освен „XC60“, Швеѓаните ќе ги покажат и новите генерации на уште два модели од семејството – седанот „S60“ и караванот „V60“. По нив ќе се појави и првиот автомобил од серијата 40, кој ќе биде изграден на шасијата „CMA“. Ова ќе биде компактниот кросовер – „XC40“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП