11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Metro поголем од очекуваниот

Профитот на Metro поголем од очекуваниот

Metro121

Германскиот трговски ланец Metro пријави подобри деловни резултати од очекуваните во четвртиот квартал, во пресрет на разделување на бизнисот нa две посебни компании.

Во три месеци заклучно со септември, профитот на компанијата пред каматите и даноците порасна на 568 милиони евра, што е за 31 процент повеќе во однос на истиот период минатата година.

Аналитичарите кои учeствуваа во анкетата на британската агенција Ројтерс предвидоа профит од 471 милиони евра.

Секторот за големопродажба, според денес објавениот извештај, забележа 14 проценти поголема оперативна добивка, од вкупно 306 милиони евра. „Metro“ планира да го оддели тој дел од бизнисот, а има намера истото да го направи и со ланецот хипермаркети „Real“, чија добивка опадна на 27 милиони евра.

Ланецот продавници за електроникa „Media Saturn“ во истиот период ја зголеми добивката пред вонредните ставки за 35 проценти, на 179 милиони евра.

Во новата фискална година, која е започната во октомври, „Metro“ очекува нешто поголема добивка и исто така порачува дека ќе се справи со строгото управување со трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП