28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број превезени патници на аеродромите во Македонија

Рекорден број превезени патници на аеродромите во Македонија

aerodromi33

Рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија се превезени во периодот јануари-ноември 2016 година, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Од јануари заклучно со ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 %, поточно превезени се 1 661 010 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – ноември 2016 година регистрирани се вкупно 1 524 985 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1 338 470 патници, се забележува зголемување од 13,9 %.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари – јуни 2016 година, превезени се 136 025 патници, што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 96 585 патници, се бележи зголемување од 40,8 %.

Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9%, Малме 4,8%, и Лондон 4,3%.

Рекордниот број на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП