2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБалабан донесе бронза и нов државен рекорд од Белград

Балабан донесе бронза и нов државен рекорд од Белград

balaban

Македонската репрезентативка во стрелаштво, охриѓанката Нина Балабан имаше извонреден настап на меѓународниот Гран При турнир во главниот град на Србија, Белград. Балабан во дисциплината воздушна пушка на 10 метри, во квалификациите два пати го соборуваше сопствениот рекор, кој воедно е и државен, а во финалето го освои бронзениот медал.

Олимпијката Нина Балабан, првиот натпреварувачки ден испука 414.7 кругови и за 3.7 кругови го подобри рекордот остварен во Минхен минатата година и се пласираше на деветтото место.

На вториот натпреварувачки, Балабан повторно го собори рекордот со испукани 415.8 кругови кој и обезбеди пласман во финалето. Меѓу најдобрите осум стрелци Балабан заврши на третата позиција со 184 кругови, само 2.9 помалку од првопласираната Вукашиновиќ од Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП