4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеобичниот луксуз во хотелот Courthouse Shoredich (фото)

Необичниот луксуз во хотелот Courthouse Shoredich (фото)

%d1%88%d0%be1

Со локација во Шоредич, историскиот дел на Лондон, „Courthouse Hotel Shoredich“ некогаш бил дом на озогласените криминалци како што се браќата Креј, а сместен е во школката на некогашниот суд „Old Street Magistrates“, кој е прекрасно трансформиран во еден од најуникатните лондонски бутик хотели.

Па да, доколку го посетите овој хотел, ноќта ќе ја поминете токму во некогашните ќелии на овој суд, а својот префинет пијалок во коктелскиот бар ќе го испиете на местото каде Рони и Реџи Креј го имале своето прво криминално сослушување во 1965 година.

По екстензивниот процес на реновирање, овој хотел сега нуди 128 прекрасни соби со модерни погодности и импресивни мали детали. Како дел од еден од најдобрите делови на Лондон, овој луксен бутик хотел ви нуди Wi-Fi, TV и неверојатен поглед на лондонската панорама меѓу останатото.

Ако сакате целосно да истражите се што ви се нуди, тогаш задолжително резервирајте го апартманот „Shoreditch Sky Terrace“, кој е всушност едноставна резиденција со приватен бар, мини кино и врвен панорамски поглед.

Исто така, дел од овој хотел е и вистинското кино со 196 седишта, базенот со загреана вода, кугланата со две траки и холистичкиот спа центар. Не звучи лошо зарем не?

%d1%88%d0%be2

%d1%88%d0%be3

%d1%88%d0%be4

%d1%88%d0%be5

%d1%88%d0%be6

%d1%88%d0%be7

%d1%88%d0%be8

%d1%88%d0%be9

%d1%88%d0%be10

%d1%88%d0%be11

%d1%88%d0%be12

%d1%88%d0%be13

%d1%88%d0%be14

%d1%88%d0%be15

%d1%88%d0%be16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП