17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМодерен стадион во Штип

Модерен стадион во Штип

stadion-stip-696x392

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, во вторник, направи увид во реконструкцијата на градскиот стадион и на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Славејко Арсов“ во населба Баби.

Заедно со директорот на ЈП „Исар“ , Ангел Бојаџиев беа на градскиот стадион каде пред некој ден заврши асфалтирањето на атлетската патека по неколку децении.

„Благодарение на спортските работници, општината, градоначалникот и ФФМ, за кратко време успеавме да го реконструираме стадионот на ФК Брегалница. Поставивме осветлување со осум рефлектори, и на барање на атлетичарите ја асфалтиравме и патеката. Сега е во тек тендерска постпака за покривање на трибините. Останува и обврската да го подобриме функционирањето и работата на ФК Брегалница“, кажа Бојаџиев пред новинарите.

Градоначалникот Захариев е задоволен од обновата на стадионот.

„Општина Штип ќе се вложува и понатаму стадионот да биде репрезентативен објект на градот, за нови натпревари и друго. Во постапка сме на уредување на западната трибина која ќе биде покриена, ќе има и нови седишта, а со ФФМ преговараме и помошниот стадион да биде направен со вештачка трева“, рече Захариев.

Според Захариев, претстои реконструирање на четири помали стадиони,во населбите Македонка, Три Чешми, Стар Караорман и кај бањата Кежовица. Тие ќе добијат нова тревната површина и ќе бидат оградени. Планирано е и кошаркашко игралиште до фитнес зоната зад Исарот каде ќе има и скејт парк.

„Што се однесува до патеката, таа ќе има пет ленти, наскоро ЈП Стипон и ќе ја обележи а помошните терени ќе бидат уредени по сите стандарди. Нашите атлетичари имаат и друго место за трчање, каде веќе ќе започне со асфалтирање на патеката од над 3.5 км од Осми ноември до Балканска. За три дена се очекува да заврши асфалктирањето на патеката а таа ќе може да се користи и за возење на велосипеди“, додаде Захариев.

Градоначалникот направи увид и во текот на градбата на новата спортска сала во населба Баби:

„При крај сме и на изградбата на салата. Тоа е ретко училиште во градот кое е без сала. Сакаме да направиме и една мала сала во населба Три Чешми и се надевм дека и тоа ќе го завршиме. Во другите училишта имаме реконструирани сали и мислам дека не само што го исполнуваме нашето ветување дадено на жителите на населба Баби, туку обезбедивме и ова школо да добие спортска сала која ќе биде убава“, додаде Захариев.

Салата се очекува да биде завршена до март идната година а инвеститор е Министерството за образвание додека Општината помогна во конструкција на водовод, канализација и пристапен пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП