Според информациите кои доаѓаат внатре од компанијата „Google“ се вели дека оперативниот систем „Android Key Lime Pie“ ќе доцни од два до четири месеци и дека нема да биде подготвен за деби на конференцијата „Google I/O 2013“.
Оваа информација се појави на некои интернет страни кои се занимаваат со оваа тематика, а таму беше објавено дека причината за одложувањето не е развојот на „update“ на оперативниот систем, туку дека „Google“ сака на произведувачите на телефони да им овозможи ажурирање на што е можно повеќе телефони на „Android 4.2.2 Jelly Bean“.
Една од причините за одложувањето кое се споменува би можело да биде и оптимизацијата на „Key Lime Pie“ верзијата за „Nexus 5“. Како сите други гласини и оваа треба да се земе со мала доза на резерва, затоа што ниедна од овие информации не е потврдена. Конференцијата „Google I/O“ започнува за помалку од еден месе и сите одговори ќе ги дознаеме тогаш.