Екипите на Мемфис, Чикаго, Голден Стејт, Филаделфија, Вашингтон и Торонто забележаа победи во натпреварите во НБА лигата кои се одиграа изминатата ноќ. Индивидуално повторно блеска центарот на Мемфис, Марк Гасол, кој одигра уште еден брилијантен меч.
Помладиот од браќата Гасол, игра во брилијантна форма и е најзаслужен за постојаните добри резултати на Мемфис. Гасол во триумфот на Мемфис над Портланд 88:86, постигна 36 поени, имаше девет скока и две асистенции.
Чикаго во дербито славеше против Сан Антонио, благодарение на тимската игра. Двејн Вејд постигна 20 поени, а по 12 уфрлија Таж Гибсон, Робин Лопез и Режон Рондо на кого асистенција му недостигаше за трипл дабл.
Сан Антонио го забележа четвртиот пораз во сезоната, а во поразот кај Чикаго најефикасни беа Кавај Ленард со 24 поени, осум скока и пет асистенции, односно Пети Милс со 16 поени.
Резултати: Торонто – Минесота 124:110, Вашингтон-Денвер 92:85, Мемфис-Портланд 88:86, Њу Орлеанс-Филадефија 88:99, Јута-Голден Стејт 99:106, Чикаго-Сан Антонио 95:91.