2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНезаборавен одмор во регионот Коста дел Сол (фото)

Незаборавен одмор во регионот Коста дел Сол (фото)

%d0%ba%d0%b81

Доколку само ја погледнете вилата ‘Padierna Palace’, хотел кој се наоѓа во шпанскиот регион Коста дел Сол, ќе ве преплави чувство на луксуз и ќе посакате со некоја чудна сила да се телепортирате на ова волшебно место.

На само неколку минути од Марбел и Малага, се наоѓа овој шармантен хотел кој го нуди сето она што го очекувате, па дури и повеќе од тоа. Нудејќи ви поглед на Средоземното море и брегот на Африка, спектакуларната локација е мешавина од шпанското наследство со неверојатна тосканска архитектура опкружена со дури три терени за голф. Доколку не сте голем љубител на голфот, тука се тениските терени како и многубројните спортски активности за релаксација и уживање на секој гостин.

Посетителите на ова прекрасно место можат да бираат помеѓу 130 луксузни соби кои се пространи и заводливи на многу начини. Луксузно опремени, сите соби содржат модерни содржини, како и собна послуга кога и да посакате.

Хотелот, исто така, нуди и неколку богати вили кои ќе ве остават без текст штом влезете во нив, со оглед на тоа дека поседуваат огромни балкони, приватни базени, камини… Кога ќе зајде сонцето, на располагање ви се седум барови и ресторани.

Пространите и мирисни градини, спа центарот, собите за масажа, секој дел од ова место, ќе направи да се чувствувате привилегирани. Размислете, ова е одлично место за вашиот следен одмор.

%d0%ba%d0%b82

%d0%ba%d0%b83

%d0%ba%d0%b84

%d0%ba%d0%b85

%d0%ba%d0%b86

%d0%ba%d0%b87

%d0%ba%d0%b88

%d0%ba%d0%b89

%d0%ba%d0%b810

%d0%ba%d0%b811

%d0%ba%d0%b812

%d0%ba%d0%b813

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП