9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКалифорниска вила во срцето на природата (фото)

Калифорниска вила во срцето на природата (фото)

%d0%bb%d0%be1

Студиото Sagemodern ја дизајнираше оваа современа и луксузна вила во шумскиот предел на Калифорнија….

Оваа вила, дизајнирана како приватно и опуштено опкружување за едно семејство, има изобилие од простор во својот екстериер и успешно го комбинира дрвото со елементите со црна боја, креирајќи драматичен изглед. Во ентериерот, дрвтото е преставено преку таванот и така станало еден од главните декоративни елементи. Овој дом има отворен план простор на своето главно ниво, со ложа, простор за седење со камин, кујна и трпезарија во иста просторија, што е идеално за големо семејство.

До дневната соба се наоѓа терасата со alfresco трпезарија, додека во ентериерот, поинаквата трпезариска маса ја одделува кујната од дневната соба, а гламурозниот лустер ја поврзува трпезаријата со отворениот план простор. Во кујната, островот од темно дрво со бар е комбиниран со светло обоените кујнски елементи и работни површини.

На главното ниво на вилата се наоѓа и ходникот со просторот за сушење на чевли и ракавици. Собата наречена медиумска соба тука е како главна разонода за децата кои можат да уживаат во своите омилени цртани филмови. Канцеларијата е тука за возрасните, која со својот поглед кон природата ќе ве инспирира и ќе ја разбуди креативноста во вас.

Горниот кат од овој дом е посветен на спалната соба. Главната сапална соба има свој камин, бања и приватен балкон, додека детската соба е декорирана со креветчиња на кат и изобилство од шкафчиња и полици.

%d0%bb%d0%be2

%d0%bb%d0%be3

%d0%bb%d0%be4

%d0%bb%d0%be5

%d0%bb%d0%be6

%d0%bb%d0%be7

%d0%bb%d0%be8

%d0%bb%d0%be9

%d0%bb%d0%be11

%d0%bb%d0%be12

%d0%bb%d0%be13

%d0%bb%d0%be14

%d0%bb%d0%be15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП