16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го подготвува пуштањето на GLB

Mercedes го подготвува пуштањето на GLB

mglb399

Во моментов „Mercedes-Benz“ нуди широк спектар на кросовери – „GLA“, „GLC“ во две варијанти – стандарден и теренец купе, „GLE“ во истите две верзии, „GLS“, како и легендарниот „G-Class“. Во најскоро време кон нив ќе се приклучи уште еден автомобил – „GLB“, пишува весникот „L’Automobile“.

За изгледите на сличен модел се зборува одамна, бидејќи меѓу сегашниот „GLA“, изграден врз основа на „A-Class“, и „GLC“ (порано познат како „GLK“) има сериозна разлика во димензиите. Покрај тоа „GLA“ тешко може да биде наречен теренец, но пак токму неговата платформа ќе биде користена за идниот „GLB“.

На изглед новиот кросовер ќе личи на големиот „G-Class“, но пак во бизнис опција ќе се нуди само со преден погон. Решението е целосно логично, бидејќи пазарот, особено во Европа, покажува дека ваквите компактни машини се бараат претежно со преден погон. Причината е во достапната цена.

Повисоките нивоа на опрема ќе бидат опремени со систем за погон на сите четири тркала. Генерално „Mercedes-Benz GLB“ ќе се разликува уште и во висината над тлото, како и со пластичните осигурувачи, кои минуваат низ целата каросерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП