18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто го загрижува светот?

Што го загрижува светот?

globus33

„Брегзит“ во јуни, потоа Трамп во ноември, а догодина заканата од Марин Ле Пен – лидерот на евроскептичниот Национален фронт во Франција. Популизмот ретко бил толку популарен, а западната демократија и меѓународните институции изгледаат уште кревки.

Неодамнешното истражување во 25 земји, спроведено од институтот „Ipsos MORI“, открива се поприсутно незадоволство, на кое се потпираат популистите. Во Велика Британија и Америка соодветно 60 и 63% од испитаниците изјавиле дека нивната земја оди по погрешен пат. Кај вечно незадоволните французи така одговараат дури 89% од учесниците во анкетата.

Причините за незадоволството варираат во различни земји. Невработеноста е главен извор на загриженост во Франција, но не и во Велика Британија и Америка, каде што доминираат имиграцијата и тероризмот. Германците, кои ќе имаат избори следната година, се срамат од сиромаштијата и нееднаквоста.

Гласачите од популистичките партии и политичари често се фокусираат на поединечни теми за сметка на други проблеми. Во Велика Британија белите избирачи со пониско образование, голем дел од нив за кои се смета дека гласале за напуштање на ЕУ, можеби мислат дека алтернативно решавање на односите со ЕУ е подобра опција од полноправното членство.

Да ги убедиш луѓето кои не ги гледаат придобивките од статус кво дека грешат, ќе биде тешко. Во Франција процентот од луѓето кои се загрижени од невработеноста, е пет пати поголем од вистинскиот процент на невработеност во земјата. Во Велика Британија тревогата од имиграцијата е над три пати поголема од процентот од населението на земјата, кои се имигранти.

Да им кажеш на гласачите дека работите од кои се загрижени, се лоши, но не толку лоши колку сметаат веројатно нема да ја добиеш довербата на скептичното општество.

Што најмногу го загрижува населението во одделни држави?

Кина – моралниот пад (41% од населението)

Саудиска Арабија – невработеноста (45% од населението)

Индија – тероризмот (46% од населението)

Аргентина – криминал, насилство (64% од населението)

Перу – криминал, насилство (75% од населението )

Канада – невработеноста (40% од населението)

Русија – финансиската, политичката корупција (49% од населението)

Турција – тероризам (74% од населението)

Јапонија – сиромаштија, социјална нееднаквост (37% од населението)

Израел – тероризам (49% од населението)

Австралија – невработеност (39% од населението)

Велика Британија – имиграција (36% од населението)

САД – тероризам (41% од населението)

Шведска – криминал, насилство (49% од населението)

Германија – сиромаштија, социјална нееднаквост (47% од населението)

Полска – здравство (51% од населението)

Јужна Кореја – невработеност (57% од населението)

Белгија – невработеност (38% од населението)

Шпанија – невработеност (71% од населението)

Јужна Африка – финансиска, политичка корупција (61% од населението)

Италија – невработеност (65% од населението)

Унгарија – здравство (63% од населението)

Бразил – финансиска, политичка корупција (48% од населението)

Мексико – криминал, насилство (70% од населението)

Франција – невработеност (50% од населението).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП