27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche: Не чекајте поевтини модели

Porsche: Не чекајте поевтини модели

makan399

„Porsche“ нема да ја дополнува гамата со модели кои се помали во димензии и подостапни со цените, позиционирани под кросоверот „Macan“ и кабриолетот „Boxster“. Тоа го прогнозира шефот на глобалната продажба на брендот Детлев фон Платен за време на автомобилскиот салон во Лос Анџелес.

„Немаме никаква намера да слегуваме надолу при позиционирањето на модели спрема нивото на кое сме во моментов“, беше категоричен Фон Платен.

Неговата изјава доаѓа во противтежа на серијата шпекулации поддржани од списанија и специјализирани сајтови дека во „Porsche“ развиваат трет кросовер, кој ќе се наоѓа под „Macan“ во однос на димензиите и цената. „Macan“ излезе на пазарот во 2014-та година и во моментов е најпродаван модел на марката во Европа.

Фон Платен додаде дека со одбивањето од подостапни модели, „Porsche“ ќе ја зачува вредноста на брендот.

„Ние сме производител на ексклузивни спортски автомобили. Нема што да заработиме од создавањето на поевтин модел. За нас не е важно количеството, туку квалитетите на автомобилите кои ги нудиме“, објасни Фон Платен.

„Porsche“ развива нов модел – сериска верзија на електричниот „Mission-E“, но седанот ќе биде доста повисоко позициониран наспроти „Macan“ и „Boxster“.

„Ако сакаме да сме верни на производната стратегија, во која работиме, но во иднина, инвестициите ќе ни се насочени кон развојот на услуги и апликации поврзани со автомобилот“, додаде Фон Платен.

„Што може да е тоа? На пример, вашиот автомобил да може сам да си најде слободно место за паркирање, дури и да прати порака, со што ќе плати за местото за паркирање, а потоа да дојде да ве земе“, вели шефот на „Porsche“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП