2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗдравје Радово млечен бренд и во БиХ!

Здравје Радово млечен бренд и во БиХ!

bosna-zdravje-03

Деновиве македонската Млекара Здравје Радово, ги бележи најдобрите резултати во продажба на своите млечни деликатеси на пазарот во Босна и Херцеговина. Се поголем е интересот за високвалитетното овчо и мешано сирење, палетата на кашкавали и сутлијашот.

Производите на Млекара Здравје Радово секојдневно уриваат рекорди во продажба на пазарот во БИХ, а корисниците можат да ги најдат во скоро сите малопродажни објекти, како и во големите синџири на маркети.

bosna-zdravje-000

Сирењето и кашкавалот купувачите го идентификуваат со традиционалното квалитетното млеко и млечни производи од Македонија, а брендот Здравје Радово ги асоцира на внимателно одбрано и селектирано македонско млеко, преточено во традиционално добрите македонски сирења и кашкавали. Заземањето на значителен дел од пазарот во Босна и Херцеговина уште еднаш го потврдуваат успешното работење на компанијата.

bosna-zdravje-011

Изминативе години Млекара Здравје Радово значително вложи во своите производствени капацитети и во креирање на нови производи, потврдувајќи ја својата зацртана цел: висококвалитетни млечни производи создадени од 100% македонско млеко, во практични и еколошки пакувања, создадени целосно според светските стандарди.

bosna-zdravje-022

Млекара Здравје Радово во овој момент покрај извозот на пазарот во Босна и Херцеговина, своите производи ги извезува и на пазарите во Русија,Србија, Косово и Црна Гора. Компанијата останува извозно ориентирана и во плановите за следната година како најсилен домашен млечен бренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП