1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwisslion-Takovo ќе престане да произведува 18 видови сомнителни производи

Swisslion-Takovo ќе престане да произведува 18 видови сомнителни производи

juvitana_620x0

Компанијата Swisslion-Takovo, која работи во фабриката Juvitina од Инџија, објави дека трајно ќе ги исклучи од производство 18-те видови на спорни кашички и сокови за деца, за кои српското Министерството за здравство побара повлекување од пазарот поради неприфатливото ниво на пестициди, пренесуваат српските медиуми.

Компанијата побара итно враќање на контроверзната каша Juvitana од сите супер маркети и продавници во Србија. „Овие производи се трајно исклучени од производството на храна за бебиња Juvitana”, се вели во соопштението од компаниајта.

Од компанијата Swisslion-Takovo не дале одговор дали фабриката во Инџија ќе продолжи да работи и што ќе биде со производството на останатите производи од нивниот асортиман. Компанијата ја стопираше својата работа во Инџија на 12-ти ноември, откако Министерството за здравство објави дека детските кашички содржат вишок пестициди и најави дека забраната на производство ќе трае се додека акредитирана лабораторија не ја испита безбедноста на суровини и готови производи кои се на лагер во фабриката.

Од Министерството за здравство кон почетокот на ноември соопштиле дека се сомневаат во безбедноста на одредени видови Juvitana кашички за деца кои би можеле да претставуваат ризик за здравјето на децата, бидејќи тие откриле зголемена содржина на одредени видови пестициди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП