12 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовитетот на Roger Dubuis од 450.000 евра (фото)

Новитетот на Roger Dubuis од 450.000 евра (фото)

%d1%80%d0%be1

Ако ја следите работата на брендот за часовници ‘Roger Dubuis’, тогаш знаете дека нивните проекти никогаш не се суптилни, туку авангардни и неверојатни…

Нивното најново издание, ‘Quatour Cobalt MicroMelt’, е првиот часовник на светот кој е направен од високо технолошката легура наречена ‘Кобалт Хром’, а всушност е специфична мешавина која има голема специфична сила и биокомпактибилност.

Со тотално уникатен изглед, овој часовник на брендот ‘Roger Dubuis’ едноставно ги игнорира ефектите на гравитацијата. Доаѓа во елегантно куќиште со пречник од 48мм кое е направено од претходно споменатата легура, а кое беше многу тешко изработено. Сепак, вредело за трудот, бидејќи е многу поотпорно отколку што можете да замислите.

Овој неверојатен часовник ќе биде водоотпорен до длабочина од 50 метри, а ќе работи на механизам ‘RD101 Quatour’ со 590 компоненти и резервна енергија од 40 часа. Она што е уште поимпресивно е темата на бојата на овој модел, со уникатни сини PDV детали.

Со овој часовник доаѓа и ремен од алигаторска кожа во сина боја со црвени рабови, додека неговите копчиња се направени од титаниум. Цената на овој часовник е околу 450.000 евра и само осум луѓе во светот ќе можат да го имаат овој часовник.

%d1%80%d0%be2

%d1%80%d0%be3

%d1%80%d0%be4

%d1%80%d0%be5

%d1%80%d0%be6

%d1%80%d0%be7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП