2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОаза на луксузот: Хотел со 7 ѕвезди за мегабогаташи (фото)

Оаза на луксузот: Хотел со 7 ѕвезди за мегабогаташи (фото)

v1

По три години изградба, хотелот кој чинел околу половина милијарда долари, ја отворил својата врата за првите гости.

„Ние сме хотел со седум ѕвезди“ – за себе велат во шангајскиот хотел Wanda Reign on the Bund и екстериерот навистина остава без здив.

Изградена од стакло и челик, настаната во главите на британските дизајнери кои го граделе и стадионот Вембли, надворешноста на овој хотел дава впечаток на речиси безграничен луксуз.

v2

Влегувањето во хотелот ги води гостите преку подови украсен со полу-скапоцен жад, а окружени се со мермерни столбови високи десетина метри. Ѕидовите на хотелот се украсени со бројни слики на модерни кинески уметници, а изложени се и многу дела кои го покажуваат Шангај онака како што изгледал во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век.

Половина милијарда долари

По три години и повеќе од 500 милиони долари инвестиции, хотелот им ја отворил својата врата за првите гости на легендарното шангајско шеталиште покрај река Хуангпу. За помалку од шест месеци станал најпосакуваната дестинација на новопечените кинески богаташи.

v3

Како што пишува CNN, едно неодамнешно саботно утро тројца млади Кинези поспано се спуштиле во хотелскиот ресторан на ран појадок. Двете млади жени облекле дизајнерски фустани и влечки украсени со злато кои ги штителе од студот. Пред нив одело младо момче и гласно зборувало на мобилниот телефон додека ставало храна во чинијата.

Сите тројца биле помлади од 30 години, што е клучниот показател за тоа какви гости привлекува овој хотел.

Модерен сопственик

Гостите таму доаѓаат поради поврзаноста со модерниот Ванг Сичонг, синот на сопственикот на хотелот и најбогатиот Кинез Ванг Џијалин. Ванг Сичонг е познат ширум Кина по екстравагантното трошење на семејните пари. За својот 27-ми роденден изнајмил цел остров, а на своето куче редовно му ги купува најновите уреди од Apple.

И додека некои се противат на неговиот начин на живот, втората генерација на кинески богаташи во него го гледаат својот пример.

v4

„Многу од нашите гости се релативно млади. Доаѓаат за викенд за да се забавуваат и резервираат некои од нашите апартмани. Фактот дека зад хотелот стои името на Ванг сигурно помага“, рекла Кристи Чен, директорка на маркетингот на хотелот Wanda Reign.

Интересно е тоа што, иако се китат со седум ѕвезди, никој не им ја доделил таа титула. Најмногу поради тоа што не постои меѓународен стандард со кој би се регулирало што мора да има хотелот со седум ѕвезди.

„Само“ пет ѕвезди

Меѓутоа, тоа што имаат „само пет ѕвезди“ не ги спречува да им понудат неверојатен луксуз на своите гости. Ќе го земеме за пример приватниот клуб на вториот кат од хотелот отворен само за членовите на клубот Wanda Hotels and Resorts. Тоа е приватен свет украсен со мозаично стакло во ходниците и скапоцени лустери кои висат над мебелот од кожа и махагони.

Гостите секогаш имаат батлер на располагање, а барот е преполн со скапоцени алкохолни пијалоци и уште поскапи цигари.

v5

На располагање се и мини спа собите, а децата на кинеската елита може да ја користат и собата за караоке за сите оние кои сакаат да се чувствуваат како да се излезени без мешање со обичните смртници.

Тука постои и услугата за изнајмување на автомобил, Многу богати Кнези ќе одвојат и повеќе од 800 долари за четири часа возење со луксузниот Rolls Royce. Младите и богати наследници едноставно не можат да се заситат со скапоцените автомобили, а хотелот им ги исполнува и тие желби.

v6

Наградуван готвач

Храната е исто така соодветна на луксузот. Францускиот Кувар Марк Мене го затворил ресторанот L’Esperance награден со две Мишелин ѕвезди за да готви токму во овој хотел. Јапонскиот HE ресторан во склоп на овој хотел речиси се нарачува од јапонија. Диру у лименки Sprite увезува од Јапонија со цел на гостите да им го понудитој автентичен јапнски вкус.

Дури и персоналот е облечен во луксуз. Лауренд Кси, првиот кинески дизајнер кој има своја ревија на париската модна недела, ја дизајнирал облеката за персоналот.

v1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП