Американската компанија „Rezvani“ која доби популарност со својот роудстер „Beast“, го претстави својот втор модел – „Beast Alpha“. Тој се одликува не само по својата затворена каросерија, но и со луксузниот и комфорен ентериер, а исто така нуди екстремни динамички карактеристики.
„Rezvani Beast Alpha“ добил тврд покрив, а дел од неговите елементи можат да се извадат. Задниот дел на спортскиот автомобил е преработен и се разликува од оној на роудстерот. Покрај тоа, возилото има добиено и оригинални врати. Новостите доведоа до зголемување на телесната тежина – ако роудстерот тежи 748 килограми, таа кај новиот модел достигнува 885 килограми.
Динамиката на машината сепак останува импресивна. Верзијата на „Beast Alpha“ со автоматски менувач забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, а оваа со рачен менувач за 3,5 секунди. Кај роудстерот времето е уште поимпресивно – 2,7 секунди. Максималната брзина кај новото возило е 282 км/ч. „Rezvani Beast Alpha“ е управуван од 2,4-литарски турбомотор, производство на „Honda“, кој развива 500 КС.
Покрај покривот „Beast Alpha“ се разликува од својот „роднина“ и по кожната кабина, во која има и алкантара, како и по воздушните перничиња, климатизација и мултимедијалениот систем со поддршка на „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.
Овој автомобил е проценет на 200.000 долари, а од „Rezvani“ веќе прифаќаат поединечни нарачки. Компанијата му нуди на клиентот да ја избира не само бојата на каросеријата и обликувањето на кабината, туку и можноста за зголемување на моќноста на моторот.