28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМала направа помага да го следите својот автомобил користејќи го својот смартфон

Мала направа помага да го следите својот автомобил користејќи го својот смартфон

bravo_lyingflat-0

Со повеќе од 2,5 милиони примероци продадени ширум светот, оваа направа помага да го пронајдете сето она што вообичаено во секојдневниот живот се случува попатно да го изгубите.

Дали некогаш сте го изгубиле својот автомобил на паркинг? Се случува. Се паркирате и одите да прошетате. Кога ќе се вратите немате поим каде ви е автомобилот. Постојат различни ситуации, по напорно ноќно журкање, и одредено количество алкохол во себе, веројатноста да ја изгубите ориентацијата е исто така голема.

Инсталирањето на скап GPS систем повеќе не е неопходно.

Една калифорниска компанија произвела малечка направа, која ја нарекле TrackR, и истата ја ставаат во категоријата state-of-the-art, односно ја презентираат како врвна технологија. Таа е малечка колку паричка, но го менува начинот на кој ги бараме важните работи во нашите животи.

Примената е многу лесна и едноставна. Се инсталира бесплатна TrackR aпликација на вашиот смартфон, се конектира апликацијата на вашата направа и спремни сте за потрага. Едноставно прикачете го TrackR на било што го сметате за важно и бесценето во вашиот живот. Целиот процес не зема повеќе од пет минути.

Можете да го прикачите на вашиот приврзок за клучеви, ташна, паричнник, буквално на сé она што за вас има вредност и не би сакале да го изгубите.

Цената на една ваква направа е 29 долари, а веќе е во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП