28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин го смени министерот за економија осомничен за корупција

Путин го смени министерот за економија осомничен за корупција

Russian Economy Minister Alexei Ulyukayev who was detained by law enforcement officials on corruption charges, is escorted upon his arrival for a hearing at the Basmanny district court in Moscow, Russia, November 15, 2016. REUTERS/Maxim Shemetov

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот вечерта го смени министерот за економски развој Алексеј Улјукаев, уапсен претходната ноќ под обвинение за земање мито кому му е одреден домашен притвор, објави Кремљ, што е првиот случај на апсење сојузен министер во современа Русија.

„Претседателот Владимир Путин потпиша указ со кој се отпушта министерот за економски развој Алексеј Улјукавев“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песов и додаде дека претседателот ја загубил довербата во овој министер.

Според претходно објавеното во вторникот, 60-годишниот Улјукаев бил уапсен при примањето мито од 2 милиони долари за неговото министерство да даде позитивно мислење за купувањето на компанијата „Башнефт“ од страна на „Рсонефт“.

„Решен сум да соработувам со истрагата сé додека е можно, бидејќи мојот образ не може да се измие сé додека не се открие вистината“, изјавил на сослушувањето Улјукаев.

„Изјави дека не е виновен. Вели дека тоа е провокација“, изјавија од неговата одбрана која се жали дека на поранешниот министер му се одбиени секојдневните прошетки.

Улјукаев мора да остане во домашен притвор до 15-ти јануари, а забранета му е комуникација со надворешниот свет, употребата на телефон и посетите.

Според истрагата, поранешниот министер барајќи два милиона долара од управата на „Роснефт“ му се заканил на полуприватниот нафтен гигант „дека ќе ги употреби своите овластувања и ќе ја опструира“ работата на компанијата, доколку не ги спроведе неговите наредби.

Очекувано на апсењето големо внимание му посветуваат западните медиуми , поставувајќи прашања за некаква заднина на оваа медиумски следена афера. Така Reuters пишува дека станува збор за желба да се покаже решителност во борбата против корупцијата или дека станува збор за пресметка во Кремљ.

Поранешниот опозициски пратеник Генадиј Гудков за агенцијата вели дека во оваа афера „гледа јакнење на внатрешните борби за влијание, за финансиските текови и за функциите“.

Reuters натаму анализира дека Игор Сечин, кого го наведува како близок човек на Владимир Путин, е човек кој е исто толку дискретен колку што е влијателен, и кого го смета за лидер на ткнб „силовики“, функционери кои некогаш биле припадници на тајните служби, како и претседателот Путин, или во војската или во полицијата.

Агенцијата го оценува Улјукаев како приврзаник на реформите на либерализацијата и наведува дека предупредувал на „„стагнација“ на руската економија.

Се наведува и дека во прво време јавно се противел на продажбата на половината од капиталот на „Башнефт“ на „Роснефт“, а станува збор за најголемото преземање оваа година со коешто руската држава требаше да го подобри својот буџет кој е истанчен со падот на цените на нафтата на светските пазари изминатите речиси две години. Меѓутоа, откако Кремљ ја одобри продажбата, Улјукаев во октомври требаше да ја спроведе оваа трансакција во износ од 5 милијарди американски долари.

Некои аналитичари на западот се прашуваат што би можело да го натера Улјукаев, министер кој немаше големо влијание, да се впушти во пресметка со толку моќна компанија.

„Треба да бидеш луд да му се закануваш на ’Роснефт’, еден месец по одобрената трансакција за да се искамчат два милиона долари од Игор Сечин, еден од највлијателните луѓе во земјата“, вели за Reuters Алесандар Шокин, претседател на Сојузот на индустријалци и претприемачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП