24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите ги дознаа термините во кои ќе играат на СП

Ракометарите ги дознаа термините во кои ќе играат на СП

%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8

Светската ракометна федерација (ИХФ), во вторникот, ги објави термините во кои ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Франција.

Дел од ракометниот Мундијал ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која партиципира во Б групата, во која се и Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Мец.

Македонија првиот меч на Светското првенство ќе го одигра на 12.јануари во 16:45 часот против Тунис.

Ривали во преостанатите три кола на македонските ракометари ќе им бидат Ангола (14.јануари, 20:45 ч.), Словенија (16.јануари, 17:45 ч), Шпанија (18.јануари, 20:45 ч) и Исланд (19.јануари, 17:45 ч).

Пласман во осминафиналето ќе изборат првите чтири репрезентации во групата.

Светското првенство во Франција ќе се одржува од 12. до 29.јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП