26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРобот куфер сам се движи, веќе не мора да носите багаж (видео)

Робот куфер сам се движи, веќе не мора да носите багаж (видео)

kufer3355

Куферот може да „патува“ со различни брзини – и тој ќе ве следи низ аeродромот одбегнувајќи ги препреките додека вие ја ставате последната цртичка за вашиот лет, британски „Дејли мирор“ го објави последниот изум.

Робот куфер кој сам се движи и ве следи низ и околу аеродромот значи дека веќе никогаш повторно не треба да носите багаж.

Неверојатниот уред ќе оди блиску до вас, додека се чекирате и ги завршувате подготовките пред да влезете во авион, со брзина до 6.75 милји на час, и е доволно паметен за навигација, односно да избегнува пречки и гужви.

И ако ова не е доволно, така-нарчениот Трaвелмејт куфер (Travelmate) или сопатник, може да биде ваш партнер за патување, вие дури и можете да му дадете име.

Роботот работи на сличен начин како автоматските системи во возилата, односно пример автомобилите Тесла.

То автоматски ја наоѓа најдобрата рута и со помош на анализи на најефикасен начин се движи напред.

Робот-куферот ќе сфати ако сте го изгубиле, или ако е украден и ќе преземе соодветни мерки за да се врати кај неговиот сопственик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП