19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов изум: Антистрес коцка (видео)

Нов изум: Антистрес коцка (видео)

fidget-cube-kickstarter

На секоја од шестте страни има копчиња, прекинувачи, топчиња кои делуваат смирувачки. Многу истражувања покажуваат дека концентрацијата и продуктивноста кај луѓето растат кога им се прстите во движење.

„Пукањето“ на прстите, кликнувањето на пенкалото, играњето со паричка или тапкањето со нозете. Голем број на луѓе го прават токму тоа во моменти на вознемиреност и тешкотии.

Несекојдневната коцка „Fidget Cube“, која ја измислија браќата Метју и Марк Меклахлан, би можела да биде вистинско решение за нив. Коцката, имено е дизајнирана да може да се стиска, притиска, ротира… Односно, може со неа да се прават сите замислени гестови со прстите.

Коцката е толку мала и може да стои во џеб, а изработена од винил. На секоја од шестте страни коцката содржи различни копчиња, прекинувачки, топчиња и други детали кои можат на различни начини да се придвижуваат со прстите. Браќата Меклахлан тврдат дека коментарите кои ги имаат добиено откако го претставиле изумот, на кој работеле четири години, се повеќе од одлични.

fidget-cube-kickstarter-1

„Fidget Cube“ најпрво ја имаа претставено на интернет страната „Kickstarter“, која финансира разни проекти. Тие бараа 15.000 долари, а по само неколку недели износот достигна повеќе од 1.2 милиони долари, додека кампањата ја завршија со износ од 6,4 милиони долари.

Поради коцката веќе им се јавувале шефови на различни компании, професори кои сакаат да ја користат во училиштата, лекари…

Погледнете за што точно станува збор:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП