3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапите чокалатца во светот

Најскапите чокалатца во светот

delafe1

Ви ги претставуваме „DeLaFеe„ чоколатцата кои се прекриени со злато. Овој производител на несекојдневни и необични луксузни подароци гo комбинира највкусното и најсензуалното задоволство во светот: најфиното швајцарско чоколадо и злато кое може да се јаде. И тоа 24 каратно злато.

Овие чоколатца буквално ги напаѓаат сите човечки сетила. Перфектна мешавина на најдобри чоколади и чоколадни златни ливчиња ви носат пријатно и уникатно искуство.

delafe2

Пакувани се во луксузна кутија со 8 парчиња со големина на прст и рачно нанесено злато кое може да се јаде. Изгледa како златно-кафена снегулка, која сјае на небото на швајцарските пралине чоколади. Освен естетски, тоа е симбол и на успех, убавина и вечност.

Ниваната цена изнесува околу 500 долари.

delafe3

Освен чоколади, во „DeLaFеe“ ќе пронајдете и златни цигари, шампањ, чај и лижавчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП