1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо лесни вежби до слабеење: Мит или вистина?

Со лесни вежби до слабеење: Мит или вистина?

391497851582058f1e8e96274718227_w640

Секоја активност која ги исполнува овие услови може да биде рекреација, но сепак, тренингот и физичката активност се клучни кај секое рекреативно делување, во зависност од интензитетот и карактерот на самата активност ќе зависат и резултатите кои ќе дојдат како производ од нашето вежбање.

Дали тоа значи дека со лесна физичка активност сепак нема да дојдеме до посакуваниот резултат?

Кај програмите кои се наменети за редуцирање на телесната маса, тренингот не е единствениот фактор кој влијае на крајниот резултат, исхраната е токму таа која одредува дали ќе ослабеме или не. Науката пак вели дека влијанието на исхраната на намалување на масата на телото е од 60 до 70 проценти, додека за остатокот е задолжен соодветен тренинг.

Постојат и неколку клучни фактори за тренингот за слабеење, и секој е подеднакво важен, па доколку биде прескокнат или занемарен, целокупниот труд ќе биде неуспешен.

1.Траењето на тренингот кај вакви програми мора да трае од 60 до 120 минути, бидејќи за помалку од 60 минути едноставно не можеме да стигнеме да ги испочитуваме сите ставки на квалитетниот тренинг наменет за редуцирање на телесната маса.

2.Мора да се состои од два дела, аеробен (кардио) и анаеробен (сет вежби), коишто е најдобро да се прават заедно во текот на еден тренинг, иако е добар избор и дополнителен кардио тренинг како дополнителен тренинг во деновите кога не правиме анаеробен дел.

3.Аеробниот (кардио) дел мора да трае барем 30 минути, бидејќи мастите во процесот на разградувањето се вклучуваат дури после 18 до 20 минути.

4.Предност при изборот на вежбите мора да имаат комплексните и оние вежби кои опфаќаат големи групи на мускули, а тоа се грбот, стомакот, нозете и градите, а претставници вежби се исчекор, чучњеви, стомачни, склекови и др.

5.Минималниот број на тренинзи во текот на една недела е 3, бидејќи се што е над тоа е премногу, а сепак не може да очекувате да ослабете ако вежбате само еднаш или два пати неделно.

6.Проверувајте го пулсот додека сте на кардио справа, бидејќи тоа е клучен показател за интензитетот на тренингот и претставува одличен начин да проверите дали се наоѓате во зоната на согорување на мастите.

Овие неколку совети дефинитивно ќе ви помогнат да сфатите како точно функционираат програмите за редуцирање на телесната маса, при што одговорот на прашањето – дали може да се ослабе ако се практикуваат единствено само лесни вежби, овојпат нема да ви го дадеме директно, бидејќи за секој од нас терминот „лесни” е прилично субјективен, па затоа оставаме на вас да процените дали е лесно или не, насоките сега ги имате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП